Белорусија го суспендира учеството во Договорот за конвенционални сили во Европа

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша декрет за суспендирање на учеството на неговата земја во Договорот за конвенционални вооружени сили (ЦФЕ), кој го ограничува движењето на воените трупи и оружје низ европскиот континент.

Указот, потпишан на 24 мај, беше објавен денеска во Службен весник на поранешната советска република, близок сојузник на Москва, која граничи и со Русија и со Украина.

Русија во 2007 година еднострано го суспендираше учеството во Договорот за конвенционални сили во Европа, со кој беше ограничена работната сила и опремата – тенкови, авиони, артилерија од Атлантикот до Урал и предвидуваше меѓусебна размена на информации и инспекции. Русија партиципираше во Договорот од 1990 година.