Инспекторатот за труд во Брисел открил шема за измама со социјални бенефиции пренасочени кон Бугарија, објавија локалните медиуми. Се истакнува дека за случајот вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе БТА.
Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови. Инспекторите пронашле 15.000 евра во кеш. Во соопштението се прецизира дека измамата била извршена со кражба на идентитет и се однесувала на исплата на паричен надоместок за невработени.
Се тврди дека дел од средствата биле насочени на банкарски сметки во Бугарија или биле инвестирани во недвижен имот во Бугарија. Белгиската полиција нареди замрзнување на 105 банкарски сметки во Белгија и побара слични дејствија од бугарска страна.
Извор: МИА