Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаа телефонски разговор, прв по повеќе од еден месец, за развојот на ситуацијата во Појасот Газа, особено во Рафа, соопшти вечерва Белата куќа.
Бајден и Нетанјаху „разговараа за најновите случувања во Израел и Газа, вклучително и ситуацијата во Рафа и напорите за зголемување на хуманитарната помош за Газа“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека деталите од разговорот ќе бидат објавени подоцна.
Израелскиот премиер, кој го отфрла притисокот од Вашингтон, неодамна изјави дека Израел сè уште планира офанзива во Рафа, на југот на опколениот Појас Газа.
Бајден предупреди на каква било операција во Рафа без „кредибилен“ план за заштита на градот, во кој живеат повеќе од милион цивили.
ОН предупредија на опасност од глад во Газа, а американскиот претседател нареди воздушно пуштање, а потоа испрати американски војници да изградат привремено пристаниште.
САД продолжуваат да обезбедуваат милијарди долари воена помош за Израел.
Извор: МИА