Соединетите Држави се во близок контакт со европските сојузници и партнери во контекст на тековните малигни кампањи на руските разузнавачки служби во Европа со цел да се зголеми отпорноста на таквите активности, изјави советникот за комуникации на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во вторникот за време на брифингот во Вашингтон, јавува дописникот на Укринформ.
„Работиме напорно со нашите европски колеги за да направиме сè што можеме за да изградиме отпорност (на хибридните акции на Русија – уред.) не само за нас дома, туку и за нив во странство“, истакна портпаролот на Белата куќа.
Тој нагласи дека Соединетите Држави ги следат „со голема загриженост“ напорите на Русија насочени кон саботажа и мешање во изборите.
Како што претходно објави Укринформ, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во вторникот изјави дека руското разузнавање ги интензивирало хибридните кампањи на тлото на НАТО, со цел да ја поткопа способноста на сојузниците да ја поддржат Украина дополнително.
Во истиот контекст, како што објави ЦИВИЛ Медиа, е одлуката на Полска да го ограничи движењето на руските дипломати низ земјата, што треба да се примени за сите руски дипломатски кор, освен за амбасадорот.
Уште на почетокот на мај, НАТО изрази длабока загриженост и силно ги осуди неодамнешните малигни активности и хибридните акции на Русија против сојузниците на сојузничката територија, и ќе одговори на таквите акции индивидуално и колективно и нема да дозволи Русија да се меша во обезбедувањето на дополнителна помош за Украина.
Драган Мишев