Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Се очекува ден исполнет со дискусии за клучни меѓународни прашања.

Распоред на клучни состаноци
Според објавениот протокол, пристигнувањето на европските лидери во Белата куќа е закажано за 12:00 часот по локално време – 18 часот по македонско време.

Еден час подоцна, во 13:00 часот (19 часот), претседателот Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Зеленски, по што нивната билатерална средба ќе започне во 13:15 часот (19:15 часот).

Во 14:15 часот (20:15 часот), Трамп формално ќе ги пречека и европските лидери.

Најважниот дел од денот ќе биде мултилатералната средба со европските лидери, која е закажана за 15:00 часот (21 часот) по локално време.

Кој доаѓа на состанокот со Трамп?

На списокот на оние што ќе учествуваат на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаат:
Британскиот премиер Кир Стармер
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Францускиот претседател Емануел Макрон
Италијанскиот премиер Џорџија Мелони
Германскиот канцелар Фридрих Мерц
Финскиот претседател Александар Стаб
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте

Зеленски и неговите сојузници ќе се обидат да се договорат со Трамп за конкретни чекори кон мировен договор со Русија, откако разговорите во Алјаска не доведоа до договор за прекин на огнот.

фото: принтскрин

Текстот Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци е превземен од МАКФАКС.