„Претседателот е јасен, и тој останува во трката“, им изјави на новинарите портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, по шпекулациите дека ќе се откаже од кандидатурата.
„Тоа е она на што е фокусиран претседателот, продолжувајќи да испорачува за американскиот народ“, вели таа, јави Би-Би-Си.
На прашањето дали има нешто што би го променило мислењето на Бајден за откажување од неговата изборна кампања, таа вели: „тој беше многу јасен“ дека е во трката на долги патеки.
Жан-Пјер изјави дека Бајден оди напред со својата кампања, и дека се што е инаку пријавено е „апсолутно лажно“.
Д. Т.