Некои мажи едноставно не се гледаат себе си во долгорочни врски. Според астролозите, оние родени во овие три хороскопски знаци најчесто ја избегнуваат обврската и тешко се одлучуваат за стабилна љубовна врска.

Близнаци

Темпераментни, полни со живот и секогаш во потрага по нова стимулација – мажите Близнаци брзо се заморуваат од рутина. Обврзувањето за нив звучи губење на слобода, па често оставаат впечаток дека се присутни, но секогаш подготвени да исчезнат.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои не поднесуваат ограничувања. Долга врска за нив најчесто значи „губење на крила“. Дури и кога се заљубени, склони се да ги одложуваат обврските – едноставно затоа што слободата им е најважна.

Водолија

Мажите Водолии сакаат интелектуална поврзаност и оригиналност, но тешко се вклопуваат во класични љубовни модели. Кога ќе почувствуваат притисок или премногу очекувања, се повлекуваат. За нив, слободата и сопствениот стил на живот се пред сè.

Текстот Бегаат од сериозни врски: три хороскопски знаци на мажи што тешко се врзуваат е превземен од МАКФАКС.