Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе објави план за олеснување на студентскиот долг од кој ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци.
Предвидено е Бајден да објави детали за планот во Медисон, во сојузната држава Висконсин, а планот вклучува отпишување до 20.000 акумулирани камати на должниците, без оглед на нивниот приход. Администрацијата на Бајден оценува дека со планот ќе бидат елиминирани каматите на 23 милиони корисници на студентски кредити.
Врховниот суд минатата година го блокираше првичниот план на Бајден, додека републиканците тврдат дека претседателот ги пречекорил своите овластувања. Според критичарите од планот за простување на студентскиот долг користи ќе имаат должниците со факултетско образование, додека другите нема да добијат никакво олеснување.
Администрацијата на Бајден соопшти дека досега одобрила олеснување на студентскиот долг од 146 милијарди долари за четири милиони Американци,пренесува МИА.
Сенаторот републиканец, Бил Касиди во Комитетот за образование на Сенатот, го критикуваше планот на Бајден.
– Тоа е нечесен трик да се купуваат гласови пред избори и не прави апсолутно ништо за да се реши проблемот со високата цена на образованието, што младите луѓе повторно ги втурнува во долгови, посочи Кесиди.