Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џозеф Бајден.
Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови.
„Русија се обидува да постави лажно оправдување за војна против Украина“, нагласи Бајден во своето обраќање од Белата куќа.
Американскиот претседател во обраќањето нагласи и дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина во Донбас“.
Претходно, пак, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, во интервју за НТВ рече дека Русија никогаш немала и нема намера да ја нападне Украина.
„За тој став писмено го известивме Вашингтон“, рече Захарова.