Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Израел во мисија да спречи конфликтот меѓу Израел и Хамас да се претвори во регионална војна, пренесе АП.
Бајден на аеродромот го пречекаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог.
Неговата посета беше најавена претходно, а се случува ден по нападот врз болница во Газа во кој загинаа стотици Палестинци, со што се продлабочија тензиите на Блискиот Исток.
Палестинските власти соопштија дека израелските сили ја погодиле болницата во воздушен напад, а министерот за здравство на палестинската управа го обвини Израел за „масакр“. Израел ја обвини палестинската група Исламски џихад за експлозијата во болницата Ал-Ахли ал-Араби со неуспешно лансирање ракета.
Портпаролот на палестинското министерство Ашраф Ал-Кудра изјави дека спасувачите се уште извлекуваат тела од урнатините.
Шефот на цивилната одбрана на Газа соопшти дека бројот на загинати е 300, додека извори од Министерството за здравство објавија за 500 жртви.