Американскиот претседател Џо Бајден планира да отпатува во Франција на почетокот на јуни за да учествува на церемониите по повод одбележувањето на истоварувањето на сојузниците во Нормандија на крајот на Втората светска војна.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер ги објави плановите за патување на Бајден, но не даде детали. Денот Д го означи почетокот на ослободувањето на Европа од нацистичка Германија.
Во спомен на таа операција, на брегот на Нормандија на 6 јуни е планирана меѓународна комеморација со лидери од целиот свет.