На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите коски, соопшти вчера неговиот кабинет.

„Минатата недела, поранешниот претседател Џо Бајден беше прегледан за јазол на простатата откако забележа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата со Глисонова оценка 9 (највисок степен, група 5) со коскени метастази“, се вели во соопштението, додавајќи: „Иако станува збор за поагресивна форма на болеста, ракот е чувствителен на хормонска терапија, што овозможува ефикасен третман“, пренесуваат медиумите во регионот.

Бајден, 82, и неговото семејство „моментално ги разгледуваат опциите за лекување со своите лекари“, се вели во соопштението. Оваа вест доаѓа неколку дена откако портпаролот на Бајден изјави дека поранешниот претседател е на преглед за „мал јазол“ откриен на неговата простата.

Џо Бајден денес проговори за прв пат откако се појави веста дека боледува од рак.

Тој објави фотографија на X со сопругата Џил и нивната мачка. „Ракот нè допира сите. Како и многумина од вас, Џил и јас научивме дека сме најсилни кога сме скршени. Вашата љубов и поддршка нè подигнаа. Ви благодариме“, напиша Бајден.

Текстот Бајден откако беше објавено дека има неизлечив рак: „Најсилни сме кога сме скршени“ е превземен од МАКФАКС.