Претседателот на Соединетите Американски Држави најави дека САД драстично ќе го намалат трговскиот статус со Русија како казна за инвазијата на Украина, а исто така ќе забранат увоз на руска морска храна, алкохол и дијаманти. Мерките вклучуваат и забрана за извоз на луксузни стоки во Русија, што тутун, облека, накит, автомобили и антиквитети.
Овие трговски мерки против Русија, рече Бајден, се преземаат во координација со Европската унија и земјите од Г7. “Слободниот свет се здружува за да се соочи со Путин“, рече Бајден од Белата куќа. Промените на претседателот Бајден во трговскиот статус со Русија доаѓаат откако расте двопартискиот притисок во Вашингтон за да се укине она што официјално е познато како „трајни нормални трговски односи“ со Русија.
Целта на овие мерки, според американски официјални лица, е да продолжи нанесувањето штета на руските олигарси, при што САД продолжуваат со напорите да вршат притисок врз блиските луѓе до рускиот претседател Владимир Путин. /Алсат.мк