Бајден: Демократијата е во поголема опасност од кога било од Втората светска војна

Демократијата е повеќе под закана сега отколку кога било во изминатите осум децении, рече американскиот претседател Џо Бајден на церемонијата во Франција по повод одбележувањето на „Денот Д“.

– Живееме во време кога демократијата е повеќе загрозена ширум светот отколку во кој било момент од крајот на Втората светска војна.

– Изолационизмот не беше одговорот пред 80 години и не е одговор денес, нагласи денеска тој во францускиот град Колевил-сур-Мер.