Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ја истакнал потребата од одржување на континуиран проток на хуманитарната помош која е итно потребна во Газа, соопшти Белата куќа.
Телефонскиот повик доаѓа откако на трет конвој од 20 камиони со помош му беше дозволен влез од Египет во Газа, преку граничниот премин Рафах, но во него, како што наведоа од Обединетите нации (ОН) не било вклучено и гориво. Според проценките во Газа има гориво само за уште два дена.
Жителите на Појасот, како што посочува „Гардијан“ веќе се борат да дојдат до чиста вода, а недостатокот на гориво значи дека постројките за прочистување на вода, на кои Газа се потпира во голема мера, како и пекарниците и болниците ќе престанат да функционираат.
Претставници на ОН велат дека дневно ќе бидат потребни околу 100 камиони со помош за да се задоволат основните потреби во Газа, каде живеат 2,3 милиони луѓе, од кои 1,4 милиони сега се бездомници.
Во телефонскиот разговор, Бајден го информирал израелскиот премиер за Во нивниот телефонски разговор, Бајден, исто така, го информирал Нетанјаху за американската поддршка за Израел и за тековните активности што САД ги преземаат во регионот, а кои вклучуваат дополнителни воени распоредувања, се наведува во соопштението на Белата куќа.