Два дена откако го нарече воен злосторник, американскиот претседател Џо Бајден му додава повеќе други епитети на својот руски колега како диктатор, убиец и бандит.

Advertisements

„Ја имате Ирска и Велика Британија кои стојат заедно против убиствениот диктатор, рускиот претседател Владимир Путин, бандит кој води неморална војна против народот на Украина“, Џо Бајден, претседател на Америка

За Кремљ, ваквите изјави претставуваат лична навреда кон Путин.

„Со оглед на иритацијата на Бајден, неговата старост, понекогаш придружена со сенилност, лошо лидерство и агресивни изјави, ние сигурно не би давале остри оценки за да избегнеме да предизвикаме уште една залудна агресија“, Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател

Додека Западот ја обвинува Москва за воени злосторства и употреба на забрането оружје, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров обвини дека САД формирале повеќе од 300 биолошки лаборатории низ светот, вклучително и во Украина, која ја нарече проект на Пентагон.

„Податоците што се собрани сугерираат дека во Украина се вршат воени злосторства и оти виновникот за воените злосторства е апсолутно рускиот претседател, човекот кој одлучи да ги преземе овие дејствија“, Џејмс Хепи, британски министер на вооружени сили

„Ќе инсистираме ова прашање да биде разгледано од Конвенцијата за биолошко оружје, но и од Советот за безбедност, бидејќи тоа претставува јасна закана за меѓународниот мир и безбедност“, Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Главниот обвинител на Меѓународниот суд на правдата ден претходно слета во Украина и Полска како дел од истрагата за можни воени злосторства од руската окупација на Украина. Тој рече дека нападите врз цивили и цивилни објекти претставуваат воени злосторства, а сите сторители ќе одговараат пред правдата. /Алсат.мк

Семра Мусаи