Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ники Бат изјави дека пристапот, но и дефицитот во квалитетот на играчите на „црвените ѓаволи“ бил алармантен на натпреварот против Њукасл.
Како домаќин, Њукасл убедливо го победи Манчестер Јунајтед (4:1) во 32. коло од англискиот шампионат.
Во интервју за официјалната телевизија на Премиер лигата, Бат посочи еден од најголемите проблеми со кои се соочува тренерот на клубот од „Олд Трафорд“, Рубен Аморим.
„За мене излегувањето на терен значи дека треба да направиш нешто за да влијаеш на играта. Не очекував Манчестер јунајтед да го победи Њукасл. „Страчките“ се подобар тим. Имаат подобар квалитет, атлетски супериорни играчи. Не знам како Јунајтед си дозволува да направи нешто вакво. Јас бев дел од генерацијата која таму загуби со 5:0“, рече Бат и продолжи.
„Но, да се дозволи вакво нешто е сосема поинаква работа. Не видов ниту еден старт или агресивност во играта. Дуел играта е голем проблем, мора барем да покажете дека не прифаќате пораз без борба. Играчите на Јунајтед само паднаа и му дозволија на противникот да ги победи.Да играш без сила и брзина е тажно. Кристијан Ериксен некогаш беше врвен фудбалер, а сега не може да се движи. За ова не може виновен да биде тренерот“.
Бат играше за „црвените ѓаволи“ од 1992 до 2004 година. За тоа време одигра 270 натпревари и постигна 21 гол, а потоа му се приклучи на Њукасл.
Манчестер јунајтед е на 14. место на табелата во Премиер лигата со 38 бодови, додека Њукасл е на четвртот место со 18 повеќе.
Текстот Бат: Ериксен порано беше класа, сега не може да се движи е превземен од МАКФАКС.