Барселона се наоѓа во нови финансиски проблеми, бидејќи потребно е да ослободи дел од буџетот на платите со цел да може да пазарува ова лето. Веќе одамна се шпекулира и дека Лионел Меси би можел да се врати во клубот, меѓутоа за такво нешто е потребно прво клубот да направи простор на финансиски план.

Advertisements

Поради тоа, добро упатенита шпански медиуми пишуваат дека Барса има план, а за него ќе жртвува две млади ѕвезди од кои се очекуваше многу на „Камп Ноу“. Се работи за Ансу Фати и Феран Торес. „Десетката“ и „единаесетката“ на Барселона не играат на посакуваното ниво, па клубот веќе работи на нивните трансфери и играчите имаат дозвола да бараат посакувана средина.

Според најавите, Барса му даде зелено светло на агентот на Фати, Жорге Мендеш, да бара средина за играчот, а почетната сума за трансфер би била околу 40 милиони евра. Од друга страна, ситуацијата со Феран Торес е потешка. Барселона му должи уште 40 милиони на Сити за фудбалерот, па мора да бара задоволувачка понуда, додека опција е и позајмица со право на откуп.

Сезонава Фати одигра 41 натпревар за Барса и даде седум гола, додека Торес на 37 средби стрелаше шест пати./Gol.mk

Прикажи повеќе