Екипата на Барселона ги освои трите бода како гости кај Валенсија, постигнувајќи убедлива победа од 4-1. Пјер-Емерик Обамејанг го отвори резултатот по асистенција на Алба, гол кој беше прв во дресот на Барселона (23′). Само девет минути подоцна, Усман Дембеле асистираше до Френки де Јонг, кој погоди од непосредна близина (32 ′). Барселона не застана тука, а Аубамејанг го постигна третиот гол, исто така втор личен, по асистенција на Гави (38 ′). Три минути подоцна, Карлос Солер постигна еврогол во стилот на ножички, но по прегледот на ВАР истиот беше откажан.
Второто полувреме започна подобро за Валенсија која го намали водството преку Солер на асистенција на Гил (53 ′). Сепак, 10 минути подоцна, актуелниот Педри ја запечати победата на гостите со еврогол од далечина (63 ′).
Барселона со оваа победа се враќа во „Топ 4“, со 42 бода, додека Валенсија е на 12. позиција со 30 бодови.