Фудбалерите на Барселона ја прекинаа серијата лоши резултати во домашното првенство со победата од 5:1 (1:1) против Мајорка.
Барселона со оваа победа се одлепи на четири бода од Реал Мадрид кој утре ќе го одигра својот натпревар.
Феран Торес го доведе својот тим во водство во 12 минута, но Ведат Муриќ израмни во финишот на првото полувреме.
Во вториот дел апсолутна доминација на Барселона. Рафиња погоди од пенал во 56.минута, а потоа во периодот од 74. до 84.минута Каталонците постигнаа уште три гола. Стрелци беа Рафиња, Де Јонг и Пау Виктор.
Барселона во следното коло ќе му гостува на Бетис, додека Мајорка ќе патува во Виго каде ќе игра со Селта.
Текстот Барселона „пукна петарда“ во Мајорка е превземен од МАКФАКС.