Реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ доцни и според вестите од Шпанија, иако неофицијални, се посочува дека Барселона оваа сезона нема да одигра натпревар нс овој стадион.
Обемната реконструкција на стадионот, чиј капацитет беше проширен на 105.000 седишта, не тече според планот, клубот се уште не почнал со поставување на тревната површина.
Со оглед на тоа дека овој процес трае 10 недели, се чини дека Каталонците нема да можат да се вратат во својот дом во текот на сезоната. Според првичниот план Барселона размислуваше да го игра полуфиналето во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“ (крајот на април) и „Ел класико“ со Реал на 10. мај, но тоа може да се случи само доколку работата дополнително се забрза, јавуваат шпанските медиуми.
Домот на Барселона беше затворен по освојувањето на титулата во 2023 година, планираниот рок за отворање во ноември 2024 година одамна помина, а пореално е навивачите да се вратат на „Камп Ноу“ на почетокот на новата сезона 2025/26.
Текстот Барселона оваа сезона нема да се врати „Ноу Камп“ е превземен од МАКФАКС.