Шпанските и италијанските фудбалски гиганти, Барселона и Јувентус, сакаат да го видат во своите редови напаѓачот на Арсенал, Пјер – Емерик Обамејанг како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Според британските медиуми, двата клуба испратиле официјални понуди до Арсенал за услугите на репрезентативецот на Габон. Минатата недела и саудискиот клуб Ал Хилал испрати понуда до лондонскиот премиерлигаш со опција да го откупи договорот на 32-годишниот Обамејанг.

Проблем би можело да претставува неговата неделна плата, која изнесува 410.000 евра. Иднината на Обамејанг во Арсенал стана неизвесна, откако тој на крајот од минатата година без дозвола од клубот ја напушти Велика Британија. Обамејанг потоа го загуби првотимскиот статус и му беше одземена капитенската лента.