Јан Весели и Никола Миротиќ блеснаа за Барселона, која потешко од очекувањата стигна до 89:81 победа над Жалгирис за да го удвојат водството пред гостувањето во Литванија. Чехот Весели постигна 26 поени, најмногу за него оваа сезона со 10-од-14 од поле, додека Миротиќ имаше 22 поени, од кои 18 во второто полувреме, а одличната одбрана потоа ја запечати победата.

За Жалгирис, Едгарас Улановас постигна 13 поени, додека Игнас Браздеикис беше најефикасен со 20 поени. Третиот меч се игра во Каунас во среда, а Жалгирис има најдобар домашен скор во Евролигата оваа сезона од 25-4.

Во Грција пак, Фенербахче се врати од негатива од 16 поени, за да израмни на 1:1 во серијата против Олимпијакос за 82:78 победа. Во тилер завршница, Џонатан Мотли ги донесе Фенер во водство 77:76 на 1:31 пред крајот, за потоа во следниот напад Шек Меккисик да биде фаулиран и да ги промаши двете слободни фрлања. Фенер потоа утна два обиди од поле, пред Гудуриќ да ја го реши мечот со две слободни фрлања. Следните два меча се играат во Истанбул./Makfax/

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

Барселона – Жалгирис 89:81 (20:21, 25:23, 23:22, 21:15)

Олимпијакос – Фенербахче 78:82 (24:10, 13:24, 19:17, 22:31)