Првата победа сезонава во шпанското првенство на Леванте изминатиот викенд над Мајорка (2:0), во која Енис Барди асистираше при водечкиот гол му донесе на македонскиот репрезентативец место во тимот на 20. коло во Ла Лига.
Меѓу најдобрите единаесетмина се најдоа и клупските колеги на Барди, голманот Фернандез и дефанзивецот Везо.
Тимот на 20 коло во шпанското првенство го сочинуваат Фернандез, Бељерин, Везо, Алварез, Акуња, Моренте, Мерино, Барди, Винисиус, Бензема и Гарсија.
Леванте е последнопласиран на табелата со 11 бодови, седум помалку од зоната која носи опстанок во Ла Лига, а во следното коло на домашен терен го пречекува претпоследнопласираниот Кадиз.