Барбадос на полноќ официјално се прогласи за најнова република во светот, отстранувајќи ја кралицата Елизабета Втора од функцијата шеф на државата. На свечена церемонија „Гордоста на нацијата“ присуствуваше нејзиниот син принцот Чарлс. Гувернерката Дам Сандра Мејсон положи заклетва како прв претседател на оваа карипска островска држава. Барбадос има 287.000 жители, а под британска власт беше од 17 век.
Најпознатата граѓанка на Барбадос, пејачката Ријана исто така беше присутна на церемонијата на која премиерката Миа Мотли објави дека поп-ѕвездата е „наименувана за национален херој на Барбадос“.