реклама
Поранешниот американски претседател Барак Обама е на турнеја во Австралија, а во еден од своите говори се осврна на темата за жените во политиката, пишува Хералд Сан.
Обама во Меѓународниот конгресен центар во Сиднеј рече дека светот би бил подобро место доколку жените го водат, макар и само неколку години.
реклама
„Всушност сум убеден дека ако можеме да направиме експеримент каде секоја земја на планетата била водена од жени околу две години, сигурен сум дека светот ќе се упати во подобра насока“, изјави тој.
„Живеам во домаќинство со три жени“
реклама
Неговата изјава беше проследена со овации и аплаузи, но Обама брзо додаде: „Пред да почнете да навивате, не велам дека не правите и луди работи, затоа не се фалете премногу“.
„Живеам во домаќинство со три жени, па видов некои работи“, објасни тој.
реклама