Заменик-градоначалничката на Бангкок, Тавида Камолвеј, се врати од местото на урнатата зграда во областа Чатучак и за Би-Би-Си изјави дека спасувачките операции продолжуваат: „Нема да се откажеме“.
„Се уште се обидуваме да влеземе под урнатините, но 30-те ката од урнатата зграда создадоа огромна маса која е исклучително тешко да се пробие“, рече Камолвеј.
Спасувачите користат рендген апарати за да откријат какви било движења и знаци на живот во слоевите на бетон и метал.
„Сè уште бараме 79 исчезнати лица. Сè уште верувам во мојот тим. Работиме без престан, повеќе луѓе пристигнуваат. Мораме да ги најдеме“, рече таа.
Текстот Бангкок не се откажува од потрагата по преживеани: „Мораме да ги најдеме“ е превземен од МАКФАКС.