Доколку не сте сигурни кој рецепт да го следите, еве го оригиналниот, без кој било кој празник, посна слава, но и во обични денови не можат да се замислат без овој десерт.
СОСТОЈКИ:
1 кг готови кори за баклава
900 гр мелени ореви
100 гр крупно сечкани ореви
50 гр шеќер
250 гр путер и 100 мл масло
За прелив:
1 кг шеќер, вода и лимон
Подготовка:
Подгответе го преливот – истурете го шеќерот во тенџере и прелијте го со вода (да биде водата два прста над шеќерот). Гответе околу 20 минути на силен оган, можеби и помалку, преливот да не е премногу густ. Густината треба да биде помеѓу сируп и вода. Во сварениот прелив додадете исечкан лимон. Оставете го да отстои, бидејќи преливот мора добро да се излади пред да ја прелиете баклавата.