Следното издание на Евровизија ќе се одржи во швајцарскиот град Базел во мај 2025. Базел беше избран откако го победи главниот конкурент Женева.
Швајцарија третпат ќе биде домаќин на Евровизија, по 1956 и 1988, благодарение на победата на Немо на натпреварувањето во Малме.
Градските власти на Базел кажаа дека настанот ќе се одржи во салата „Санкт Јакобсхале“, која може да прими 12.000 луѓе. Финалната вечер е на 12 мај.
Црна Гора објави дека се враќа на Евровизија, но засега не е познат ставот на Македонија, која ги пропушти последните две изданија.
Прикажи повеќе