Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.

Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.

Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.

Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.

По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.

Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.

Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.

Текстот Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм е превземен од МАКФАКС.