
Кошаркарките на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011 ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Финалето се игра в недела во 17.00.
Баделки ја декласираа Струга со 80:44 и тоа во натпревар во кој ги доби сите четири четвртини. Далеку повозбудливо беше во второто полуфинале во СРЦ „Кале“ каде Баскет Кам по голема борба триумфираше над Вардар со 74-64.
Алексиќ со 18 и Антиќ со 17 беа водечки стрелци кај победникот, залуден на спротивната страна беше дабл-дабл учинокот на Наков од 27 поени и 10 скокови.