Бугарскиот фудбалски тим Ботев Враца славеше со 2-4 на гостувањето кај Локомотив Пловдив во 19 коло од најсилниот бугарски фудбалски шампионат, а нашиот 25 годишен Доријан Бабунски погоди на два пати за победничкиот табор.
Македонскиот напаѓач најпрво погоди од белата точка во 10 минута за почетно водство од 0-1 за гостите, а по само три минути игра во второто полувреме погоди за 1-3 за Ботев Враца, а ги одигра сите 90 минути за својот табор.
Бабунски се наоѓа во одлична форма откако на 18 настапи за Ботев Враца успеа да постигне десет погодоци, но и три асистенции сезонава.