Пред два месеци, на 24 февруари, започна руската инвазија на Украина. Иако е неизвесно колку долго ќе трае, Украинците немаат намера да се предадат. Една од нив е и деведесет и шестгодишна баба која била во кампот во исто време со Ана Франк, а вети дека ќе го преживее и Путин.
Advertisements
Анастасија Гулеј морала да избега од Украина откако земјата била нападната од руските војници. Четири месеци била затвореничка во логорот Берген-Белзен на северот на Германија, а била и во Аушвиц во исто време со познатата Евреинка Ана Франк, пишува британски „Метро“.
„Не ме убија ни Хитлер, ни Сталин и ќе го преживеам и Путин“, изјавила Анастасија, која работи и на својата биографија.
Бабата која го преживеала холокаустот ги спореди потезите на Путин во Украина со нацистите, а на почетокот на месецов по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Берген-Белсен, злосторствата на Путин ги нарече „геноцидни“.
„Немам зборови за тоа што хитлеровите послушници од Кремљ го направија во Буча и Мариупол“, вели таа.
За да биде безбедна, бабата решила да побегне во Германија со своите возрасни деца, бидејќи нејзината куќа се наоѓала во близина на аеродромот, што бил една од воените цели за руските ракети.
Нејзината биографија требало да биде објавена минатиот месец, но тоа е одложена за да биде вклучено и дополнителното ново поглавје за нејзиното бегство од Украина.