Томас Маркл изрази разочарување поради најновата серија на Нетфликс на неговата ќерка Меган, „Со љубов, Меган“.

Во интервју за „Д Мејл“, Томас ја обвини Меган дека лаже пред камерите и дека премногу се труди да го одржи својот јавен профил.

Неговите коментари доаѓаат по забелешката на Меган во шоуто на Минди Калинг.

„Толку е смешно што постојано велиш Меган Маркл. Знаеш дека сега сум од Сасекс“, рече таа.

Главната точка на тензијата меѓу таткото и ќерката се врти околу одлуката на Меган да се дистанцира од презимето Маркл. Според Томас, оваа одлука длабоко би ја разочарала покојната баба на Меган, која многу ја сакала Меган.

“Мајка ми беше горда што е Маркл. Исто и јас. Меган никогаш немала проблем со презимето Маркл додека не го запозна принцот Хари”, рекол тој.

Томас се осврна и на прикажувањето на детството на Меган во шоуто. Тој се присети дека лично ја земал Меган од училиште секој ден или дека ќе испрател автомобил да го направи тоа ако е зафатен. Истакна дека парите никогаш не биле проблем во нивното домаќинство и дека често вечерале надвор.

„Со љубов, Меган“ се соочи со низа негативни критики од објавувањето. Серијата од осум дела, во која Меган готви со познати пријатели и нуди совети за хостинг, беше критикувана поради недостатокот на содржина.

Текстот „Баба ти се превртува во гроб“ – таткото на Меган Маркл ја нападна ќерката по нејзината нова серија на Нетфликс е превземен од МАКФАКС.