Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на предизборен митинг во Чаир, кога ги повика симпатизерите на партијата да гласаат за Петре Шилегов, најави дека  во иднина ќе има претседател Албанец на државата по заминувањето на Стево Пендаровски.

-По министер за одбрана Албанец, по министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, порача Ахмети.

Прашан за ова, денеска премиерот Зоран Заев изјави:

-Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас, а и сите ние, што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред сѐ, без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните и најмалку 50 отсто од Македонците, 50 отсто од Албанците, 50 отсто од Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја, би го гласале за претседател“, изјави Заев.