Бен Афлек за прв пат отворено проговори за разводот со Џенифер Лопез во големото интервју за априлското издание на магазинот GQ, во кое ја коментираше нивната врска, разделбата и како таа се разликува од она што често го шпекулираат медиумите.
Тој исто така објасни зошто се согласил да учествува во документарниот филм за нивниот брак, The Greatest Love Story Never Told. „Дел од мене мислеше: Во ред, ако сакам да учествувам во ова, сакам да го направам тоа искрено и на интересен начин. Затоа што изгледаше како интересно размислување“, рекол Афлек (52).
Во интервјуто, тој ја пофали Џенифер Лопез (55), посочувајќи дека таа „ја носи славата многу повешто и поелегантно од него“ и објасни:
„По природа сум малку порезервиран и приватен од нејзе. Како што често се случува во врските, не секогаш го имате истиот став кон овие работи. И затоа си помислив – интересно е, како да се усогласат тие разлики? Затоа што… ја сакам и ја поддржувам оваа личност. Верувам во неа. Таа е извонредна. И сакам луѓето да го видат тоа“.
Сеќавајќи се на снимањето на документарецот, Афлек ја спореди нивната ситуација со метафора: „Не можете да се омажите за капетан на брод, а потоа да кажете: Не сакам да одам на море. Мора да го прифатите она што го знаевте влегувајќи во врската“.
Тој додаде дека тоа не е причина за некој поголем раскол: „Не можеш да го гледаш тој документарец и да кажеш: Да, сега разбрав што беше проблемот меѓу нив двајца“.
Во продолжение на разговорот, актерот и режисер рече дека нема проблем да споделува делови од приватниот живот, се додека може јасно да ги искаже своите вистински емоции и ставови. „Не ми пречи да зборувам за мојот приватен живот се додека можам јасно да ги пренесам моите чувства и верувања. Се надевам дека беше јасно колку ја почитувам Џенифер“.
Афлек ја разбира љубопитноста на јавноста за разликите меѓу двајцата, особено за тоа како се приближуваат до линијата помеѓу јавниот и приватниот живот, но тој истакнува: „Немам ништо друго освен почит кон неа“. Зборувајќи за самото раскинување, тој рече: „Луѓето често сакаат да најдат основна причина или некоја драма во раскинувањето. Но искрено… вистината е многу поприземна, обична и можеби помалку интересна отколку што би очекувале луѓето“.
„Нема скандал, нема сапунска опера, нема интриги. Кога некој ќе ве праша: Еј, што се случи?, навистина нема конкретен одговор. Тоа е само приказна за двајца луѓе кои се обидуваат да се откријат себеси и нивните односи – како што правиме сите ние“, рече тој.
Афлек и Лопез ја обновија својата романса во 2021 година, скоро 20 години откако првпат се верија во 2002 година, а потоа се разделија во 2003 година. Тие се венчаа во 2022 година, прво во Лас Вегас, а потоа на втора церемонија во Џорџија. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, а разводот беше финализиран во јануари.
Текстот Афлек проговори за разводот од Џеј Ло: Таа се справи со славата многу поелегантно е превземен од МАКФАКС.