Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец.
Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото.
Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“.
Баер од трансферот ќе заработи 25 милиони, дознава „Билд“.
Косуну во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари за Аталанта.
Тимот предводен од Џанпјеро Гасперини е на третото место во Серија А со 58 бодови, додека Интер е лидер со шест повеќе.
Текстот Аталанта ќе го откупи договорот на Косуну од Баер Леверкузен е превземен од МАКФАКС.