Лидерот во Серија А, Аталанта, има план дополнително да го подобри нападот за вториот дел од сезоната. Џанпјеро Гасперини има намера да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза.

Поранешниот првотимец на Јувентус не се претстави најдобро на „Енфилд“, каде летово пристигна од Торино за 13 милиони евра. Повредите го ограничија на само четири настапи во дресот на црвените. Она што не е добро за Киеза кој сега е целосно здрав што последен пат за Ливерпул настапи во септември.

Во Бергамо веруваат дека мпожат да го вратат Киеза во препознатливата форма. Гасперини го гледа како играч од клупата со загарантирани минути во второто полувреме.

Според италијанските медиуми, оваа опција била прифатлива за Киеза, кој сака да се врати во форма, а дополнителен мотив му е борбата за шампшионската титула во Серија А.

Идејата е италијанскиот интернационалец прво да дојде во Аталанта на позајмица до крајот на актуелната сезона, а потоа доколку двете страни бидат задоволни, би се активирала откупна клаузула.

Текстот Аталанта работи на трансферот на Киеза е превземен од МАКФАКС.