Тајванскиот производител на компјутерски хардвер – АСУС ја разгледа можноста за евакуација на работниците и деловните субјекти од Русија, изјави тајванскиот министер за економија Ванг Мејхуа.
Пред сѐ, АСУС можеби ќе размисли за евакуација на своите работници и бизниси од Русија – рече Мејхуа, коментирајќи ги повиците од Украина до компанијата да ги прекине односите со Русија.
Технолошките компании како „Епл“ и „Дел“ веќе објавија дека ја прекинуваат работата во Русија, а „Интел“ и АМД ги прекинаа испораките во земјата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.