Експерименталниот лек на компанијата Астра Зенека, коктел од антитела против коронавирусот, успешно спречува тешки форми на инфекција и смрт кај хоспитализирани пациенти, покажаа резултатите од студијата во последната фаза, објавено во понеделникот од оваа британска компанија.
Лекот наречен AZD7442 го намалува ризикот од развој на тешки форми на инфекција и смрт кај 50 проценти од пациентите со симптоми на Ковид-19 за седум дена или помалку, пишува Ројтерс.
Раната интервенција на антитела може значително да ја намали прогресијата на тешка болест, со континуирана заштита повеќе од шест месеци, потврди Мене Пангалос, извршен потпретседател за биофармацевтски производи, истражување и развој во АстраЗенека.
Тој додаде дека компанијата ќе ги достави сите податоци до надлежните институции.
Астра Зенека, исто така, развива коктел од лекови за третман на пациенти кои немаат доволно силен имунолошки одговор и се вакцинирани против коронавирус.
Минатата недела, компанијата поднесе барање за итна употреба до Американската администрација за храна и лекови.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.