Фармацевтската компанија Астра Зенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.
Во Велика Британија против „АстраЗенека“ е покрената колективна тужба во која се тврди дека употребата на вакцината „КовиШилд“ довела до смрт и сериозна штета, а се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави „Индипендент“.
Една од тужителите тврди дека вакцината предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна да работи.
CoviShield е развиен од британско-шведската компанија „АстраЗенека““ во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а го произведува индиската компанија Serum Institute of India, еден од најголемите производители на лекови во светот.
Вакцината се користи во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.
Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од новиот коронавирус.
Сепак, истражувањата покажаа дека вакцината CoviShield може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.
Додека „АстраЗенека“ секогаш ги оспоруваше овие тврдења, во еден од судските документи за прв пат призна дека вакцината „во многу ретки случаи може да предизвика ТТС“, односно синдром на тромбоцитопенија, кој се карактеризира со згрутчување на крвта и ниска број на тромбоцити кај луѓето.
И Светската здравствена организација потврди дека CoviShield може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.