Трансферот на напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс во Ал Наср пропадна. Ова го потврди и спортскиот директор на „фармацевтите“, Симон Ролфес. Челниците на Ал Наср во последен момент се решиле наместо Бонифејс да го ангажираат напаѓачот на Астон Вила, Џон Дуран.

Колумбиецот Дуран, сезонава беше џокерот на менаџерот Унаи Емери. Најчесто влегуваше на теренот како резерва, но и покрај тоа успеа да постигне 10 гола, седум во Премиер лигата и три во Лиата на шампионите.

Дуран (21) за 20 милиони евра пред една година пристигна во Астон Вила од Чикаго Фајр.

Астон Вила од трансферот на Дуран ќе заработи 77 милиони евра.

Трансферот на Дуран е втора најголема продажба за клубот од Бирмингем. Рекордот се уште го држи Џек Грилиш за кого Манчестер сити на Астон Вила и плати 117 милионие евра.

Текстот Астон Вила за 77 милиони евра го продаде Дуран во Ал Наср е превземен од МАКФАКС.