Челниците на фудбалскиот клуб Астон Вила ја одбиле понудата на Арсенал за нивниот напаѓач Оли Воткинс, објавија британските медиуми.

Се очекува Арсенал да достави нова подобрена понуда за 29-годишниот фудбалер, објави „Скај Спорт“. Бројни медиуми објавија дека понудата е вредна 70 милиони евра.

Астон Вила не сака да го продаде Воткинс, поради што не изгледа веројатно дека трансферот ќе се случи во зимскиот преоден рок.

Воткинс постигна 10 гола за Вила на 23 натпревари оваа сезона. Вила мора да го задржи англискиот репрезентативец, бидејќи пред заминување од клубот е Колумбиецот Џон Дуран. Џокерот на менаџерот Унаи Емери, како што тврди „Скај Спорт“ ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Текстот Астон Вила го одби Арсенал за Оли Воткинс е превземен од МАКФАКС.