Астероид со големина на стадион ќе прелета покрај Земјата денеска, по 18 часот, соопшти НАСА. Ова небесно тело, наречено „2008OS7“, има пречник од 271 метар и е наречено „убиец на градови“.
Исто така, важно е да се знае дека овој астероид ќе биде на оддалеченост која е седум пати поголема од онаа на Месечината.
Иако неговата големина е опасна, процените се дека никогаш нема да лета доволно блиску до Земјата за да биде закана. Кога би се случило такво нешто, астероидот би можел да уништи град со големина на Њујорк, поради што е наречен „убиец на градови“.
НАСА идентификува околу 25.000 потенцијално опасни астероиди, а само еден од навистина опасните ја погодува Земјата на секои 20.000 години.
‘City killer’ asteroid will make its closest approach to Earth for centuries this Friday (Feb. 2) https://t.co/FO1ea0WKjK
— Live Science (@LiveScience) February 1, 2024