Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.
Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.
„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“.
Арсенал во среда гостува кај Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.
Текстот Артета: Не се откажуваме од борбата за титулата е превземен од МАКФАКС.