Пари Сен Жермен се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако во реваншот на „Паркот на принцовите“ го победи Арсенал со 2:1. Со оваа победа, тие го потврдија триумфот од првиот натпревар на „Емирати“ со 1:0 и ќе играат против Интер во Минхен на 31 мај.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде изјава за „ТНТ Спортс“ по натпреварот.
„Прво, честитки до Париз за пласманот во финалето. Кога ќе погледнете кој беше нивниот клучен играч во текот на овие два натпревари, јасно е дека тоа беше нивниот голман, Донарума. Тој го реши овој натпревар. Мислам дека бевме многу блиску, многу поблиску отколку што покажуваат резултатите. Горд сум на моите играчи, за сè што покажаа вечерва и како го издржаа притисокот“, рече Артета.
Текстот Артета е горд на своите играчи и на она што го покажаа е превземен од МАКФАКС.