Анџелина Џоли на инстаграм-профилот објави серија фотографии од својот креативен колектив Atelier Jolie, а на една од нив е раперот Акала, со кого актерката ја поврзуваат веќе извесно време.
За време на викендот, раперот (40) присуствуваше на настан организиран од 49-годишната Џоли.
Џоли и Акала се видени заедно неколкупати, а извори за „Пипл“ изјавиле дека тие се само пријатели.
Сепак, имаше шпекулации дека се забавуваат откога Акала им се придружи на Анџелина и на нејзините ќерки Захара и Шајло на книжевниот фестивал „Калабаш“ во Јамајка минатиот мај. Шест месеци подоцна тие беа заедно во Милано.
Шпекулациите се засилија кога беа видени како заминуваат заедно од хотелот во Венеција, каде што актерката престојуваше за време на филмскиот фестивал во август. Во тоа време „Ин тач“ напиша дека таа се гледа со раперот повеќе од една година.
Тој ѝ се придружи на Џоли пред два дена на премиерата на нејзиниот филм „Марија“ во Њујорк на филмскиот фестивал.
Текстот Анџелина Џоли објави фотографија од раперот Акала со кого ја поврзуваат повеќе од една година е превземен од МАКФАКС.