Карло Анќелоти (65), еден од најтрофејните тренери во историјата, кој го предводи Реал, повторно преговара со Бразилската фудбалска федерација за преземање на националниот тим. Ова го објави бразилскиот медиумски гигант „Глобо“.
„Анчелоти побара да не се разговара за конкретни работи пред завршувањето на Светското клупско првенство, кое завршува во средината на јули“.
Информациите на Бразилците ги потврди и шпански „Релево“: „Бразил повторно стапил во контакт со Анчелоти. Евентуален трансфер би се случил по Светското клупско првенство“.
Анчелоти е долгогодишна желба на Бразил, уште од Светското првенство во 2022 година, кое „кариоките“ го заврши во четвртфиналето. Оттогаш Бразилците неуспешно се обидуваат да ангажираат големо тренерско име, а репрезентацијата цело ова време бележи слаби игри и резултати, што е видливо и во актуелните мундијалски квалификации.
Бразилската федерација веќе преговараше со Анчелоти, но тој остана во Реал. Ова е негов втор ангажман во клубот и започна во летото 2021 година. Првиот траеше од 2013 до 2015 година.
Текстот Анчелоти (повторно) преговара со Фудбалската федерација на Бразил е превземен од МАКФАКС.