Реал Мадрид со победата во Брест (3:0) ја заврши првата фаза во Лигата на шампионите. Со пет победи и три порази, бранителот на трофејот го освои 11. место во поредокот.

Сумирајќи ги впечатоците по натпреварот со Брест, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, рече дека форматот со толку многу натпревари не е добар.

„Се играат премногу натпревари. Во овој момент во фудбалот треба да го намалиме бројот на натпревари, а не да ги зголемуваме. Тоа е мое мислење“.

Реал не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум, што значи дека ќе мора да игра плејоф за пласман во осминафиналето. Ждрепката за плејофот е утре, а можен противник на Реал е Манчестер сити.

„Некого мораме да извлечеме на ждрепката. Нема многу мудрост, бидејќи за да ја освоите Лигата на шампионите, треба да ги победите најголемите тимови. Ако ривал ни е Сити, секако ќе биде покомплицирано. Среќни сме и задоволни, штета што не се разбудивме порано во ова натпреварување… Не сакаме да играме против Сити. И да повторам, не ми се допаѓа овој формат, има премногу натпревари, мораме да внимаваме како да ги намалиме напорите на кои се изложени играчите“.

Текстот Анчелоти: Новиот формат во ЛШ не е добар, мораме да го намалиме бројот на натпревари е превземен од МАКФАКС.