Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е многу блиску до преземање на репрезентацијата на Бразил, објави британската телевизија „Скај Спортс“.

Анчелоти има договор со челниците на Реал до јуни следната година, но се поизвесно е дека ќе го напушти Мадрид на крајот од тековната сезона, пред Светското клупско првенство.

По неуспехот на Светското првенство во Катар 2022 година, Бразил имаше дури тројца селектори, а последниот беше Доривал Жуниор, кој беше отпуштен во март по само седум победи во 16 натпревари.

Бразил има скор од 6-3-5 во 14 квалификациски натпревари за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада следното лето, а на четири кола пред крајот на квалификациите, теоретски сè уште не му е загарантирано место на Светското првенство, но сигурно е дека петкратниот светски шампион ќе се квалификува за Мундијалот. Бразил ја освои последната од петте титули светски шампион во 2002 година.

„Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е многу блиску до преземање на бразилската репрезентација, дознава „Скај Спортс“.

Изворот потврди дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат во мај. Анчелоти е на радарот на Бразилската фудбалска асоцијација од крајот на Светското првенство во 2022 година.

„Бразилската фудбалска асоцијација се надева дека Анчелоти би можел да ја предводи селекцијата веќе во јунските квалификации за Светското првенство во 2026 година“, соопшти денес реномираната телевизија.

Текстот Анчелоти е новиот селектор на Бразил? е превземен од МАКФАКС.